Вести Македонија Најважни

Заев поднесе оставка од претседател на владата и од претседател на СДСМ-но смета дека нема потреба од нови парламентарни избори

Дозволете ми од името на СДСМ и сите наши луѓе да им честитам на нашите опоненти, ја преземам одговорноста на себе за вакциот развој на политичките настани, заклучно со резултатите на овие избори. Поднесувам оставка од премиер и од претседател на СДСМ. Им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа за прогресивна Северна Македонија, изјави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Рече дека на терен било видливо огромна употреба на пари од страна на опозицијата.

Должност ми е да искоментирам дека на овие избори беа видливи многу пари на терен кај опозицијата, дојдени доминантно од надвор а даден заради политики и заради економски причини а дел од големите пари ги добија и од домашни бизнисмени, пред се газди на градежни компании заради идни лични финансиски интереси и планови. Жалам што сите овие пари се значајна причина за ваквиот резултат на изборите. Исто така сакам да споделам разочараност кај мене, а верувам и кај огромен број граѓани, затоа што мнозинството од народот кој гласаше, заедно со сите тие што останаа дома, ги избраа истите луѓе и политичари кои пред само 4 години пред очите на целата јавност сакаа и тргнаа да убиваат, рече заев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таравари: За излегување од Влада ќе одлучуваат партиските органи

Дејан Дејан

Мојсоска Блажески: Сакаме пазарна економија, а бараме државен интервенционизам

Дејан Дејан

Го гледаат како средство за коцкање – Талибанците забранија играње шах

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе