Вести Македонија Топ вести

Последен ден од изборната кампања пред неделниот втор круг од локалните избори

Последен ден од изборната кампања за вториот круг од Локалните избори 2021. Кандидатите за градоначалници во 44 општини во земјата, вклучувајќи го и Градот Скопје, ќе ја искористат можноста да ги испратат последните пораки до гласачите и да го придобијат нивниот глас в недела кога ќе се одржи гласањето. Изборниот молк започнува на полноќ и ќе трае, заклучно со 19:00 часот на 31 октомври.

Партиските лидери и кандидатите за градоначалници последните денови од кампањата ги користат да ги повикаат граѓаните во општините каде што се гласа масовно да излезат и да го искористат своето демократско право, но исто така сведоци сме на засилување на реториката.

Премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ од митингот во Карпош вчера искажа уверување дека успеале во овие десетина дена да испратиат сериозни пораки дека се обединети во коалицијата со партиите на Албанците и со граѓаните. Заев ја повика кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска да си поднесе оставка и да се повлече од кампањата, бидејќи вели, на најподмолен начин, се кандидира да биде градоначалник на Скопје, а е државјанин на странска земја за време на спорот со Бугарија и се обидува тоа да го сокрие.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, од централниот митинг на партијата во центарот на Скопје кажа дека е подготвен да ја плати секоја цена, па и црната кампања од власта,  за слободата и за новата заедничка иднина. Посочи дека „власта со црната кампања и лагите само си го покажува вистинското лице, но од поразот нема да избегаат“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе