Вести Македонија Топ вести

Се отвора најголемиот трговски центар во земјава „Ист Гејт Мол“

Најголемиот трговски центар во земјава „East Gate Mall“ ќе биде отворен денеска. Нуди широк избор на уникатни 220 локални и интернационални брендови, а располага и со модерни кафетерии, посебен оддел за брза храна со капацитет за 800 посетители, хипер маркет, салони за бела техника и мебел и кино сали.

Обезбеден е паркинг простор за околу 2000 возила, а е единствениот мол во земјава кој е опкружен и со зелени паркови. Трговскиот центар се наоѓа на местото на поранешниот Скопски саем и е на само пет минути од центарот на Скопје. Очекувањата се дека трговскиот центар ќе има околу 12 милиони посетители годишно, а закупците ќе остварат нето промет од 120 милиони евра. Предвидено е да се отворат повеќе од 2500 вработувања пред се во секторот трговија, но и во услужните дејности и оние кои се компатибилни со трговијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе