Вести Македонија Топ вести

Миле Јанакиески сведочи дека е невин за Сончев град и штетата од милион евра- Случај Топлик

Во својата изјава пред суд поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески тврди дека не го сторил делото за кое е подигнато обвинението во предметот Топлик, односно продажбата на земјиштето за Сончев град кај Сопиште, известува од Кривичниот суд во Скопје, Билјана Николовска, новинарка на Телма.

-Одговорно тврдам дека не сум влијаел во работењето на комисијата, не сум барал да се објави огласот, а уште помалку како што се тврди во обвинението сум барал да се објави иако сум знаел дека има недостаток во објавата. Ниту со членовите на оваа комисија, ниту пак со другите сум имал контакт и секогаш сум ја запазувал хиррархиската поставеност во Министерството, рече пред судот Јанакиески.

Според обвинението, Јанакиески ја сменил комисијата која му укажала на 3. април 2007-ма,  дека не може да се продава земјиштето поради фактички и правни проблеми.

Наредниот ден од страна на Јанакиески била формирана друга комисија, со други членови кои сега се обвинети заедно со поранешниот министер.

Сите се гонат за злоупотреба на службената положба поради што буџетот и граѓаните се оштетени за милион евра.

Јанакиески на денешното рочиште рече дека долго чекал на оваа одбрана и многу и сериозно се подготвувал. Ова го кажа откако судијата му посочи дека не треба да ги анализира доказите и сведоците во својот исказ.

Поради посочените проблеми од сменетата комисија, проектот Сончев град никогаш не беше реализиран.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе