Економија Топ вести

РКЕ им ги одзеде лиценците на ПЕРТИНАКС и ГУЛИВЕР ИНЖИНЕРИНГ

Регулаторна комисија за енергетика и водни  услуги (РКЕ)  им ги одзеде лиценците на  ПЕРТИНАКС ДООЕЛ Скопје во делот на вршење на енергетската дејност трговија на големо со  мазут (М-1) и на ГУЛИВЕР ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје за вршење на енергетска дејност трговија на големо со Еуродизел БС.

Претходно, РКЕ им даде рок од од 90 дена да ги обезбедат потребните количините на оперативни резерви на мазут во своите складови.

ДАДИ ОИЛ ДООЕЛ Јакимово Виница достави документи со кои докажува дека поседува резервори за Еуросупер БС 95, по што РКЕ ја запре постапката. БАШИНО ГАС извоз – увоз ДООЕЛ Велес приложи документи за обезбедени резервоари за вршење на енергетска дејност трговија на големо со течен нафтен гас (ТНГ).

„Двајца трговци на големо не доставија докази дека имаат резервоари за складирање на дел од нафтени деривати, што се основни средства за работа. Токму поради тоа што не поседуваат основи средства РКЕ донесе одлуки со кои им ги одзеде лиценците за вршење на енергетска дејност за Еуродизел БС на Гуливер Инжинеринг и на Пертинакс за мазут. Овие трговци не можат да тргуваат со овие поединечни деривати, затоа што немаат лиценца“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

РКЕ по констатацијата од извшрениот инспекциски надзор на Државниот пазарен инспекторат во кои се констатира дека трговците ги поседуваат оперативни резерви донесе одлука за запирање на постапките за РКМ ДООЕЛ Скопје, Ли – ОИЛ ДБ ДООЕЛ увоз- извоз Кавадарци, СУПЕРТРЕЈД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе