Македонија Топ вести

Заев бара поддршка во недела, ВМРО-ДПМНЕ му порачува дека ќе ги изгуби изборите

Претседателот на СДСМ Зоран Заев повторно повика на обединување и масовна излезност на гласање во недела. Во видео обраќањето уверува дека историјата никој нема да ја менува, клучните факти за македонската нација никогаш нема да бидат предмет на политичка ревизија а правото на самоопределување никој не може и не смее да го оспорува.

Македонија ги прочита лагите на Заев а пораката  му е испратена , граѓаните знаат дека државата тоне на економски, социјален и здравствен план, реагират од ВМРО-ДПМНЕ.

Утре е последниот ден од изборната кампања. Вториот круг од локалните избори, вклучувајќи го и Градот Скопје ќе се одржат во 44 општини.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

До 10 милиони евра загуба од реформската агенда

Дејан Дејан

Мицкоски размислува за данок за немажени и неженети – невладините препознаваат голема дискриминација и репресија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе