Главната порака на премиерот Заев пред вториот изборен круг не е „оставка во случај на пораз во главниот град“ туку „апел за поддршка заради интегративните процеси“. На три пати поставеното директно прашање дали ќе ја напушти Владата доколку СДСМ не победи на изборите за градоначалник на Скопје, Заев три пати побара граѓаните да излезат на гласање.
Ниту ВМРО ДПМНЕ не поверува дека Заев би можел да си поднесе оставка поради пораз на локалните избори.
Темата оставка стана дел од изборниот амбиент минатата недела кога премиерот индиректно остави таква можност, а се актуелизираше синоќа во телевизиско интервју кога не демантираше. Заев рече дека не би можел да ја води државата кон прогрес и евроинтеграции доколку Скопје и општините влечат во спротивен правец, кон режим, поделби, национализам и барок, што би се случило доколку победи опозицијата.
Соња Николовска