Ковид19 Македонија Топ вести

Додека владата дозволува диско журки, свадби, крштевки и родендени на затворено, бројот на новозаразени со корона расте

Во пола исполнети капацитети и на затворено од денеска може да се прават свадби и други веселби, а и да работат дискотеките  барови и рестораните, но со гости со примена минимум прва доза на вакцина. Ќе може да се одржуваат и спортски настани и концерти но исто така за вакцинираните или прележан ковид во последните 45 дена. Од 15 ноември пак ќе мора за овие настани граѓаните да се целосно имунизирани. Ваквата одлука владата и покрај тоа што ја правда со моменталната епидемиолошка слика не соодвстевства со она што во последниот извештај го препорачал ИЈЗ, кој според препораките на СЗО оди до таму дека вработените би требало да работат од дома.

Затворање на несуштински деловни активности или работење од дома, што е можно повеќе.  Поединците треба да избегнуваат затворени простори, преполни места со можност за близок контакт. Посебна проценка за одржување спортски и слични настани кои треба да се одржуваат според строги безбедносни правила, на пр. без публика. Другите масовни собири треба да бидат прекинати, а големината на сите социјални собири треба да се намали, соопштуваат од ИЈЗ.

Во меѓувреме извештајот на ИЈЗ укажува дека во споредба со претходната недела бројот на нови случаи порасна за 22,6 проценти, најголемо зголемување се бележи кај децата од 0-9 години, а има зголемување и на реинфекции. Исто така 514 пациенти се лекуваат во болнички кревет, најголемиот дел – 331 се на кислородна поддршка а има и 27 на респираторна машина. Според доктор Никола Пановски, олабавувањето на мерктие не е оправдано, и предвидува дека до почеток на ноември ке има и до 1.000 новозаразени дневно.

Веќе со недели бројот на новозаразени во земјава на дневно ниво се движи од 400 до 500 луѓе, а смртноста во просек е околу 15 на ден. Според последните податоци од министерството 35% од населението во Македонија е вакцинирано со две дози вакцина, а трета доза примиле нешто повеќе од 20 илјади луѓе.

Според Комисијата за заразни болести, олабавувањето на мерките е врз основа на бројот на новодијагностицирани граѓани во изминатите 15 дена кој се движи помеѓу 300-400, што укажува на тоа дека епидемиолошката состојба е стабилна. Во болниците е значително намален бројот на хоспитализирани, нема отсуства на работа и нема заболени деца во школите, велат од МЗ.

Инаку две држави донесоа нови одлуки за влез на македонски граѓани. Италија не дозволува туристички патувања, а влез е можен само за работниците кои имаат престој, од здравствени причини, студии и враќање дома. И тие ќе треба да приложат негативен тест а секако им следува и задолжителна самоизолација, па по неа пак да се тестираат. Данска пак го олеснува патувањето и бара само сертификат за вакцина со Фајзер, Модерна, Астразенека и Џонсон и Џонсон, потврда за прележан ковид не повеќе од 12 месеци или пак негативен ПЦР тест.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе