Вести Македонија Топ вести

МВР тврди дека ВМРО-ДПМНЕ лаже за прилепските полицајци

Министерството за внатрешни работи информира дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ги изврши потребните проверки по наводите изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за планирано физичко малтретирање од страна на полициски службеници вработени во ОВР Прилеп, при што констатира дека во ПС Прилеп, Помошниот оперативен штаб и Републичкиот оперативен штаб локални избори 2021 нема регистрирано пријава од граѓанин или правен субјект дека во предизборниот период, денот на гласањето или во постизборниот период од страна на полициски службеници при преземање на службени дејства е постапувано незаконски или непрофесионално или на кој било начин е малтретиранo лице при вршење на служба, како што беше изнесено на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

На денот на изборите, 17 октомври во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што исто така говори дека наведените дејствија, всушност не се случиле, велат од МВР.

МВР е гарант за слободно изразување на волјата на гласачите на изборите од 2017 до денес и тоа ќе продолжи да биде и понатаму. Оттаму апелираат ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири невистини, а граѓаните слободно да ја изразат својата волја во недела на вториот круг од локалните избори.

Претходно на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, полковникот на АРМ Драган Ковачки обвини дека полициски структури создале злосторничката групација составена од полицајци на Заев и Спасовски кои договарале малтретирање на граѓани за изборната кампања и разменувале пораки преку вибер полни со закани како „земете му ја колата“ и „убијте го“.

Ковачки тврдеше дека во вибер групата членувале командирот на ОВР Прилеп – Дарко Цуцулоски, заменикот командир – Ванеса Колашинац, началникот на НККР Прилеп – Емилија Велкоска, како и Кире Китаноски кој е личен шофер на советникот на министерот Спасовски – Оливер Лукароски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе