Вести Македонија Најважни

Потресно сведоштво на братот на 22-годишниот битолчанец кој почина од Ковид

Отворено писмо до јавноста и министерото Венко Филипче  упатува  семејството на младиот битолчанец кој на 22 години  пред десетина дена   почина на Инфективното оддделение во битолската болница од последици  од КОВИД-19. Тој не бил вакциниран, но немал ниту  хронични заболувања.

Неговиот брат пишува за голготата низ која мина младиот човек, а писмото содржи и низа обвинувања за начинот на кој е лекуван. 22 годишниот Дарко Мицкоски,  три дена  со дијагностициран КОВИД и  со висока температура одел на болница, добивал терапија, но не бил хоспитализиран. Задржан бил третиот ден,  кога му била дадена и крвна плазма

„Од преголемата нега за пациентите во болницата во ноќните часови баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород за да можи да ја поминe ноќта. Во собите на пациентите оставени се  броеви од медицинските сестри кои трите вечери не функционираа, а на  бројот  од дежурниот лекар е луда среќа ако некој те удостои да се јави и да ти даде информација за пациентот“, пишува Дејан Мицкоски, брат на починатиот пациент.

Веќе следнито ден по хосптализацијата состојбата на Мицкоски  се влошува и  тој станува неконтактибилен,  тврди семејството.

„Речено ни е дека во таква состојба не е можен транспорт за Скопје, што сметаме дека требаше да се изврши во претходните денови. Мојот брат почина за неполни 2 часа. Навистина имаше 125кг, 180 цм висина и неколку години се занимаваше со бодибилдинг. За време на хоспитализацијата со мојот брат  контактиравме со пораки во кои ни се жалеше за нехуманиот однос на персоналот“ , пишува во отвореното писмо на братот Дејан Мицкоски.

Исто така преку писмо се обрати и раководителот на КОВИД центарот во битолската болница, Ели Димитровска. Таа вели дека сите пацинети се по 24 часовен мониторинг од медицинскиот пероснал на Инфективното оддление, а младиот пацинет   бил лекуван согласно протоколите.

„Дарко беше хоспитализиран, лекуван и перманентно следен од сите во ковид центарот и целокупниот медицински персонал, со терапија којашто се спроведува по сите медицински протоколи. Но, со оглед на неговата голема телесна тежина, и со самиот факт што Дарко не беше вакциниран,  припаѓаше на групата високоризични пациенти иако досега беше без придружни здравствени проблеми.  За нас најголем пораз е губиток на млад човечки живот“, наведува д-р Ели Димитровска, раководител на Инфективно одделние во Клиничка билница Битола.

22 годишниот Дарко Мицкоски од Битола, почина на 15 октомври, само 6 дена откако кај него беше дијагностициран коронавирусот.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе