Се засилуваат шпекулациите за окрупнување на владеачкото мнозинство. Синоќа, во интервју за ТВ Клан – лидерот на ДПА, Мендух Тачи, изјави дека „Работата со Алтернатива е договорена, таа ќе биде дел од Владата. Четворицата пратеници од оваа партија ќе бидат дел од мнозинството“.
Партијата предводена од Африм Гаши, демантира. „За Влада која е во слободен пад, разбираливо е да се нуди толку отворено. Но едно е сигурно – први ноември ќе донесе нова власт – прво во Скопје а потоа и во државата.“
Алтернатива има четворица пратеници, но коалицира со Алијанса на Зиадин Села и заедно имаат 12 пратеници. Шпекулациите за нивно раздвојување и се засилија откако премиерот Заев и другите помали коалициски партнери порачаа дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека по локалните избори е можно бројот на пратеници кои ја поддржуваат Владата да станме поголем од сегашните 62-ца.