Македонија Топ вести

Независните советници клучни за функционирањето на советите

Сите партии кои освоија советнички места во Центар се подготвени позитивно да одговорат на повикот на граѓанската иницијатива ,,, Шанса за Центар,, да се отвори конструктивна дебата за усогласување на изборните програми.

Ќе се разговара за финасиската одговорност, транспарентност и отчетност на    општината, модернизација на инспекциските служби, урбанистичкото планирање и градење и вклученоста на граѓаните во процесите на одлучување. Тројцата советници нема да коалицираат со никого а ќе соработуваат со секој кој ќе понуди квалитетни решенија.

Во општина Центар соодносот на силите е 9 советници од СДСМ, 7 од ВМРО ДПМНЕ, по тројца од Левица и Шанса за Центар и 1 советник од ЛДП  и ДОМ.

Независните советници ќе бидат балансот на советите во општините.

Нив ги има во околу 60 општини, што според познавачите на состојбите не е за потценување.

Високиот број на освоени советници е доказ дека граѓаните ги казнуваат политиките на двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, вели Александар Кржаловски.

До вториот круг од изборите остануваат уште 6 дена а по објавувањето на конечните резултати ќе се формираат и советите на општините.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе