Останато Спорт

Квартараро е првиот Французин шампион во Мото ГП

Фабио Квартараро е нов светски шампион во Мото ГП. Мотоциклистот на Јамаха математички ја обезбеди титулата на две трки до крајот. Тој воедно испиша и историја, бидејќи стана првиот француски шампион.

Квартараро денеска возеше фантастично на трката за Големата награда на Емилија Ромања во на патеката во Мизано и од 15-тото стартно место финишираше како четврти, што беше доволно да биде недостижен во генералниот пласман. Неговиот најголем ривал Франческо Бањаја водеше во најголем дел од трката, но на пет круга до крајот излета од патеката.

денеска триумфираше Марк Маркез, пред Пол Еспаргаро, додека трет беше Енеа Бастијанини.
Квартараро на врвот во генералниот пласман сега има 267 бодови, 65 повеќе од Бањаја.

Последните две трки во сезоната се возат во Португалија на Алгарве и во Шпанија во Валенсија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мајами и Мемфис се последните учесници во плеј-офот во НБА (ВИДЕО)

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Вардар и Црвена Звезда играа за Кочани, полни трибини на хуманитарниот натпревар

Дејан Дејан

ФОТО: Легендите на Вардар и Црвена Звезда беа дел од хуманитарниот натпревар на Градски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе