Доцна вечерва полицијата го заврши увидот на сообраќајната несреќа која се случи на Илинденска во Скопје во близина на угостителскиот објект Трибека.
Во несреќата околу 19 часот, при судир на две возила, повредени се тројца од кои едно лице е потешко повредено.
Еден автомобил беше забиен во билборд на тротоарот.
Полицијата вршеше увид повеќе од три часа и за тоа време беше затворена улицата Илинденска кај Зоолошката градина на лентата која води кон Карпош.
Откако заврши увидот, беа повикани две влечни возила за да ги префрлат уништените автомобили