Македонија Топ вести

Комисијата за историја – нова арена за двобој на власта и опозицијата

Што точно се случи во Комисијата за историски прашња, дали оставката на Ѓорѓиев е поради научни и национални причини и убедувања или пак има некаква политичка заднина? Она што е јасно е дека Комисијата од вчера напладне стана арена на уште една борба, овој пат меѓу владечаката партија и опозицијата.

Ѓорѓиев вчера кажа дека „се витка кичмата“, се распродаваат националните интереси и се гази врз црвената линија. На тоа дополни и дека извесен период има силен политички притисок врз ставовите на Комисијата и дека висок функционер во МНР директно се меша во работата.

Дваесет и четири часа подоцна сеуште чекаме од Ѓорѓиев одговор кој е функционерот од МНР како и дообјаснување кога и како е вршен политичкиот притисок и кои се одлуките на Комисијата кои се косат со однапред договорената стратегија и изгласаните „црвени линии“.

Нашите извори тврдат дека на состанокот на Комисијата вчера и завчера не се дискутирало за ништо ново и дека точките биле речиси идентички со оние од претходните два сосатноци а тоа можело да се потврди лесно и преку официјалниот записник. За потегот на Ѓорѓиев пак не исклучуваат дека е темпиран и со можна политичка позадина а тоа го објаснуваат со тајмингот кога е дадена оставката – на средина на состонкот на Комисијата. Изворите се децидни дека Ѓорѓиев до пред петанесетина дена речиси и да немал замерки на работата за што сведочат и неговите потписи на одлуките и додаваат дека овој потег политички поволен е само за него и неговата матична партија – ВМРО – ДПМНЕ а збунувачки е и што пред една недела одлучил да продолжи со работа во Комисијата. За нив повикот на Мицкоски да си дадат оставка е политички притисок, исто како и препукувањата кои потоа следеа на релацијата опозиција Влада и опозицијата владеачка партија.

Она што е клучно е дека историчарите сега се соочени со борба на два фронта, со бугарските колеги и во домашната јавност.

Работата на Комисијата слободно може да се каже дека е блокирана подолго од една година а тоа се должи на ригидните политички инспирирани ставови и барања на бугарските историчари како и константниот политички притисок кој доаѓа од официјална Софија.

Со оглед на фактот дека според договорот Комисијата работи на форматат 7 + 7, ќе се чека на официјализирање на оставката на Ѓорѓиев која треба да се поднесе во писмена форма кај надлежните во МНР и Влада а потоа ќе се бара нов член.

Следниот состанок на Комисијата е закажана за почетокот на декември, и доколлку биде со физичко присуство е се одржи во Скопје.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – позициите на Алијанса остануваат кај Вреди, потврди Меџити

Дејан Дејан

Недостасуваат лекари за физикална рехабилитација на повредените во Кочани

Дејан Дејан

Таравари си поднесе оставка од министерската позиција: „Во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе