Вести Македонија Топ вести

За 2,5 месеци починале 1506 граѓани, една четвртина биле вакцинирани

Примиле втора доза вакцина  и поминале најмалку 14 дена но се заразале, разбоеле и починале од Ковид 19. ОД 6-ти август до вчера 260 граѓани се дле од црната статистика коај ја обвјаи минситерството за здравстве. Оваа категорија граѓани се 17 проценти од вкупниот број починати односно 2670 од 1506 кои ја изгубија битката со болеста.

„1246 пациенти, односно 83% од починатите не биле вакцинирани, а само 260, односно 17% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, “ се наведува во извештајот на МЗ

Освен раст на процентот на вакцинирани од бројот на починатите, се зголемува и бројката на заразени а вакцинирани граѓани. Кусата анлиза на здравство говори дека во измиантите 2,5 месеци секој четврти инфициран бил двојно имунизиран.

„ 31.692, граѓани, односно 74% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76%, додека само 24% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата, “ стои понатаму во соопштението на МЗ

На анализата и претходеше извештај кој откри дека вакцинираните ,а починати од Ковид биле имунизирани со сите типови вакцини освен руската Спутник која ја нема на црната листа. Според струниците имунолози секоја вкацина штити над 90 проценти од смрт, но и со секоја вакцина може да се фати заразата и да се почине. Според, Алекснадар Петличковски со некомплатнмата и немасованта вакцинација оставме просот вирозата да стане уште посилна и поприсутна.

300. 804 луге во земјава до сега се целосно имунизирани со кинеската вакцина Синофарм. Според бројот на аплицирани вакцини, оваа е трета по ред на аплицирани дози од петте достапни видови. Пред неа се оние со Фајзер 610 837 и Синовак 485 012, а заостануваат оние со астра зенека 130 142 и спутник в 45 613. Но министерството вчера објави за прв пат и неделна статистика на починати луѓе кои се вакцинирани и со каков тип на вакцина. А според податоците за само една недела починале 26 мина целосно вакцинирани а дури две третини или 17 мина се со кинеската Синофарм, со Синовак биле 4, Астра Зенека биле 4 вакцинирани а починале, Фајзер биле 2 а со Спутник В нема. но ова е само за периодот од 8 до 14 октомври.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Рустем Умеров ќе ја предводи украинската делегација во преговорите со Русија

Дејан Дејан

Трамп: Нема напредок во преговорите додека не се состанам со Путин

Дејан Дејан

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – позициите на Алијанса остануваат кај Вреди, потврди Меџити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе