Државниот завод за ревизија ги известува учесниците во изборната кампања за Локални избори 2021 година дека е поддонесе предлог до ДИК за донесување на одлука за запирање на исплатата на средствата од државниот буџетот за надомест на трошоците за финансирање на изборната кампања, информираат од Државниот завод за ревизија.
Предлогот се однесува на оние учесници во изборната кампања кои до Државниот завод за ревизија во законски пропишаниот рок не го доставиле со пропишана содржина Извештајот со образецот за примените донации на трансакциската сметка, со што го прекршиле член 84-б став 2 од Изборниот законик.
84 од вкупно 122-ца учесници во изборната кампања не постапиле согласно законските обврски, 64 не го доставиле извештајот во законски пропишаниот рок, а 20 учесници не го доставиле со законски пропишана содржина.