Вести Македонија Топ вести

Мицкоски ги повика и другите членови од Комисијата да го следат примерот на Ѓорѓиев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека  го шокираше веста за оставката на  професорот Ванчо Ѓорѓиев  од член на мешовитата комисија со Бугарија поради  политички притисоци.  Им порача на останатите членови да го следата неговиот пример, но и да внимаваат за што преговараат и што потпишуваат.

-Ако е вистина тоа дека некој помеѓу двата изборни круга одлучува да распродава дел од македоснкиот идентите и да ја продава Македонија, на сметка на тоа да опстане политички, јас сум шокиран. Повикувам не само тие политичари што вршат притисок, туку и останатите челнови на историската комисија да ја следат постапката на професорот Ванчо ѓорѓиев, рече лидерот на ВМРО-ДПМне, Христијан Мицкоски.

Од СДСМ пак велат дека со оваа изјава Мицкоски потврдува дека  ова е потег за дневно политички партиски цели помеѓу два изборн круга на ВМРО-ДПМНЕ, и обвинија дека  партијата ги користи истите методи од времето на владеење на Никола Груевски.

Мицкоски признал дека е тесно политички потег инициран од ВМРО-ДПМне една недела пред изборите и мешање во работата на комисија која што е стручна.Токму затоа ВМРО-ДПМне нема да има можност да ја води државата со истите методи на владеењето на  Никола Груевски на една недела пред избори да иницираат оставки од челнови кои што се стручни и кои пред една недела потпишале договори за нов мандат. Тоа е прашање и за самиот професор, но Комисијата го демантираше, рече Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

Николовски категорично демантира дека има политички влијанија врз мешовитата Комисија со Бугарија, а пак Мицкоски побара  Комисјата да ја почитува Деклариацијата донесена во Македонскиот парламнет.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Сите за Кочани трчаме“ заедно е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава

Дејан Дејан

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

Дејан Дејан

ДУИ: Албанците да бидат застапени при изборот на нов гувернер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе