Вести Македонија Топ вести

Државниот завод за ревизија бара ДИК да ја запре исплатата на средствата од државниот буџетот за изборната кампања

Државниот завод за ревизија ги известува учесниците во изборната кампања за Локални избори 2021 година дека е поддонесе предлог до ДИК за донесување на одлука за запирање на исплатата на средствата од државниот буџетот за надомест на трошоците за финансирање на изборната кампања, информираат од Државниот завод за ревизија. 

Предлогот се однесува на оние учесници во изборната кампања кои до Државниот завод за ревизија во законски пропишаниот рок не го доставиле со пропишана содржина Извештајот со образецот за примените донации на трансакциската сметка, со што го прекршиле член 84-б став 2 од Изборниот законик.

84 од вкупно 122-ца учесници во изборната кампања не постапиле согласно законските обврски, 64 не го доставиле извештајот во законски пропишаниот рок, а 20 учесници не го доставиле со законски пропишана содржина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин, денеска ќе разговарам со Зеленски

Дејан Дејан

Алиу најави проширување на позитивната листа

Дејан Дејан

За 2,3 проценти зголемен бројот на студенти запишани во 2024/2025 во однос на претходната академска година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе