На Институтот за имунологија во соработка со Инфективната Клиника од пред 10 дена започната е сеопфатна студија која ги опфаќа сите хоспитализирани пациенти за да се утврди степенот за заштита со вакцините.
Професорот Александар Петличковски во вечерашната Топ тема ја објасни оправданоста на одлуката за давање на трета доза од вакцината на Фајзер, кај граѓаните имунизирани со кинеските вакцини Синовак и Синофарм, објаснувајќи дека кај дел од нив опаѓал имунитетот. Сепак според него тоа не значи дека и кинеските вакцини, како и останатите, не штитат од тешка форма на болест и смрт. Според него, главен проблем и натаму останува фактот дека голем дел од населението одбива да се вакцинира против Ковид-19.