Вести Ковид19 Македонија

Лекарската комора бараше средба со новинарите кои пак бараат подобра комуникација со лекарите во интерес на јавноста среде корона криза

На средба меѓу Здружението на новинарите на Македонија и Лекарската комора на Република Северна Македонија која се одржа вчера во просториите на ЗНМ  на барање на Комората. Двете страни во иднина се заложија да потпишат меморандум за соработка врз основа на кој ќе се дефинираат конкретени активности за подобрување на соработката помеѓу двете фели.

Целта на состанокот беше да се разменат идеи во однос на унапредување на комуникацијата помеѓу новинарите и лекарите, соопшти ЗНМ.

Констатирано беше дека и новинарите и лекарите беа еднакво изложени пред јавноста, посебно во периодот на пандемијата на КОВИД-19, што ја засили потребата од поголема соработка помеѓу двете страни.

Во иднина, соопшти ЗНМ, ќе има иницијатива за средба во поширок состав помеѓу новинарите и уредниците кои што известуваат за здравствениот сектор и претставници на Лекарската комора. На состанокот беа истакнати и критичните точки од двете страни, а тоа се навремена информација и достапност на изворот за новинарите и вистинита и квалититена објава за лекарите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе