Македонија Најважни

Алтернатива не влегува во владата

Алтернативците немаат намера да влезат во владата. Не сакаат да го спречат нејзиниот пад, кој велат дека почна со првиот круг на локалните избори. Зачудени се од изборните калкулации во нивно отсуство на министрите од БЕСА и ДУИ, Арјанит Хоџа и Крешник Бектеши, кои во телевизиска дебата рекоа дека немаат ништо против, Алтернатива да влезат во владата.  Хоџа дури изјави и дека е подготвен да се откаже од министерското место во земјоделство, за Беса да го добие Тетово. Не кажа кој би ја презел неговата функција, со што остави простор за шпекулации. Но, рече дека, Алтернатива имаат мал број на гласови во Тетово и доколку сакаат можат да ја гласаат кандидатката Арифи и преку таа „врата“ да влезат во владата.

Ова се први помирувачки сигнали од БЕСА кон Алтернатива, кои досега им беа лути противници, откако пред три години се отцепија од матичната партија, повлекоа дел од членството, а завршија и на суд.

Бектеши од ДУИ, пак, упати обвинувања до Алијанса за Албанците дека ги повикуваат гласачите да ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да дадат поддршка за ДУИ. Но, од огранокот на Алијанса во Тетово велат дека, за можна поддршка на едниот од двајцата кандидати за Тетово сѐ уште не зазеле став, повеќе ги интересира да падне владата.

Утринава во Собранието се сретнале и претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, Христијан Мицкоски и Зијадин Села, по што брифираа дека ја реафирмирале соработката и меѓусебната поддршка во средините каде има потреба за тоа во вториот изборен круг. И независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека очекува гласови од Албанците.

Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, пак, ќе ги добие гласовите од ДУИ и БЕСА, кои иако се препукуваат околу Тетово, дадоа јавна поддршка за него.

За разлика од нив, Социјалдемократите јавно не заземаа страна во Тетово. Заев  вчера го повика членството да гласа по свое убедување.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе