Економија Топ вести

Извештај на ЕК- висок јавен долг и дефицит, слаба реализација на капиталните ивестиции

Враќање на дефицитот и јавниот долг на ниво од пред кризата, подобра реализација на капиталните инвестиции, подобрување на наплатата на приходите, намалување на сивата економија, на скриените давачки но и проширување на даночната основа. Ова се дел од препораките на Европската комисија за напредокот на државата во делот на економските критериуми. Во извештајот стои  дека тешко погодена од пандемијата, економијата падна во рецесија во 2020 година. Но Владата спроведе силен фискален одговор за да го ублажи влијанието на кризата врз домаќинствата и фирмите. Се препорачува мерките да продолжат до целосно заздравување на економијата.

Фискалниот дефицит се зголеми на 8,2 проценти од БДП во 2020 година, додека нивото на јавниот долг нагло се зголеми на 60,2 проценти од БДП, бидејќи требаше да се покријат дополнителните финансиски потреби. Капиталните расходи беа намалени со ребаланс на Буџетот за да се овозможат трансфери за справувањето со кризата, но се уште се многу под потребното реализирање, наведува ЕК во Извештајот.

Оценката е дека земјава постигнала одреден напредок и е на добро ниво на подготовка во развојот на функционална пазарна економија. Но се  нотира дека препораките од Извештајот за 2020 година биле делумно имплементирани.

За експертите Извештајот пак ги нотира долгорочните слабости на економијата, но сега има и чекори во насока на нивно адресирање. Според институтот „Finance Think“ и во овој Извештај

остануваат клучните забелешки поврзани со слабости во менаџирањето на јавните финансии, наплатата на даноците, големиот број даночни ослободувања, сивата економија, исплнување на договорите.

Извештајот детектира недостатоци во поглед на политиките за конкурентност на пазарот, конкретно при доделувањето на државна помош. Имено, шемата финансирана според Законот за финансиска поддршка на инвестициите не е во линија со законодавството на ЕУ за државна помош и треба да се прилагоди, велат од „Finance Think“.

 

Меѓу препораките од Извештајот се и забрзување на реформата во образованието и поддршка на дуалното образование, активирање на невработените со ниски квалификации и загрозени лица, како и воведување и имплементација на легислатива за енергетска ефикасност.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистанците и Индијците слават по одлуката за примирје

Дејан Дејан

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Паметен помошник или дигитална опасност?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе