Вести Култура Топ вести

Македонија нема дата база за културното наследство, ИКОМ го заштитува со објавување Црвена листа на добра во ризик

Македонија нема оформена дата база на податоци за нашето културно наслество. Од тие причини нема вкупна бројка на отуѓени добра кои биле мета на кратци што тргувале и ги продавале надвор од земјава, се жалат од Македонскиот национален комитет „ Син штит“.  Тие дошле до податок од УЗКН кој укажува дека од осамостојувањето до 2010 година биле изнесени 20 000  вредни икони од земјава. Во полициската акција „ Фаланга 1“, биле откриени 5500 отуѓени археолошки предмети, а биле спроведени и  „ Фаланга2 “, „ Аполон 2014“, а во поново време и операцијата „ Копје 2018“. При тоа биле одземени средновековни монети и златен накит, а дел од сторителите биле уапсени и изведени пред лицето на правдата, но трговија со културното наследство постои и денес.

Мораме да формираме комплетна дата база на културно наследство , со цел да ги едуцираме сите кадри кои што работат во секторот заштита на културно наследство или во секторот внатрешна заштита , како Царина, како Полиција , Интерпол – изјави Оливера Џартовска-  претседател на МНК „ Син Штит“

И додека домашното културно наследство се одлева и продава на аукции по светот, Меѓународниот совет на музеи со седиште во Париз се обидува да го заштити нашето културното наследство преку објавување Црвена листа на добра во ризик. На неа се наоѓаат: Глинената пексида, Теракотната фигурина  мермерната гробна стела со натпис и Деронесовата монета со бик  и осмокрака ѕвезда- сите од пред новата ера , приврзокот од бронзена пексида од железното време, иконата на Св. Јован Крстител од 14 век и бронзениот крст, кој датира меѓу 11 и 13 век. Но, тие не се украдени артефакти, велат од ИКОМ.

Како оперативни сознанија имаме информации дека слични на нив , да речеме теракоти , монети и останати предмети кои што се на листата , се украдени или веќе биле предмет на илегална трговија. И токму затоа ние ги одбравме токму тие предмети. Самата листа има за цел на пошироката јавност , на припадниците на МВР , на Царинската управа , сите оние кои што ќе видат некој предмет , кој што е на листата и кој што е загрозен, да пријават – изјави Перо Арџанлиев –координатор за Црвената листа на ИКОМ за Македонија

Потребна е меѓусекторска соработка за сузбивање на илегалната трговија со културното наследство, која е еден од најпрофитабилните бизниси во светот. На Црвената листа на ИКОМ има добра од уште 9 земји од Југоисточна Европа.

Сотир Трајков 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе