Спорт Фудбал

Милевски: Не бегаме од фаворитската улога, но не чувствуваме ни притисок

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски вели дека тимот е подготвен за утрешната пресметка со Лихтенштајн.

Македонија не бега од фаворитската улога и ќе се обиде на терен да ја оправда.

„Не чувствуваме притисок. Задоволен сум од тоа што го работиме на тренинзите.Задоволен сум од концентрацијата и залагањето на фудбалерите. Уверен сум дека фаворитската улога од која не бегаме ќе ја оправдаме и на утрешниот натревар. Ќе бидам задоволен со победа, ама за да дојдеме до неа ќе ни биде потребна максимална концентрација. Не сакам да ги коментирам тактичките варијанти. Лихтенштајн особено на последните натпревари покажа дека се работи за цврста и добро организирана екипа, ќе треба да бидеме на најдоброто ниво“, изјави Милевски.

Нашиот предводник не сакаше да открива детали околу почетниот состав и дали новајлијата Ердал Ракип ќе го замени повредениот Енис Барди во тимот.

„Секако дека ќе ни недостига Енис Барди. Меѓутоа, сите останати кои ќе настапат, мислам и верувам дека ќе бидат на потребното ниво. Дали Ракип ќе го замени Барди, ќе одлучиме пред утрешниот натпревар поради неколкуте ситни повреди, па според тоа ќе ги одредам првите единаесет. Сите играчи кои имаа ситни повреди се под знак прашалник, ама верувам дека тие што ќе истрчаат утре на теренот ќе дадат максимум“, додаде селекторот.

Македонија е во низа од седум победи по ред против Лихтенштајн во меѓусебните средби, но традицијата не мора да значи ништо.

„Натпреварот утре е сосема поинаков од сите претходни. Не можеме да се базираме на традиција, според мене ривалот е квалитетен. Нема формалност, мора да одиграме добро за да победиме“, заврши Милевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕХФ конечно пресече: Алкалоид е освојувач на Европскиот Куп

Дејан Дејан

Распродажба во Милан: Тео оди во Ал Хилал, Мењон во Челси

Дејан Дејан

Челси не го сака Санчо: Фудбалерот се враќа во Манчестер јунајтед

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе