Спорт Фудбал

Њукасл официјално има најбогати сопственици во светот на фудбалот

Фудбалскиот клуб Њукасл од денеска има нов сопственик, а тоа е принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, преку својот инвестициски фонд. Премиерлигата ја одобри продажбата на клубот, која првично започна пред 18 месеци.

Њукасл станува клуб со најбогат сопственик во светот, бидејќи „Паблик Инвестменд фонд“, кој е предводен од државата Саудиска Арабија има проценето богатство од преку 300 милијарди фунти. Овој фонд ги купи акциите на „црно-белите“ од досегашниот сопственик Мајк Ешли за 300 милиони фунти.

Премиерлигата излезе со официјално соопштение и ја одобри зделката за продажба на клубот на саудискиот инвеститор. Лигата и новите сопственици на Њукасл мораа да потпишат договори дека Саудиска Арабија како држава нема да меша во работата на клубот и Премиерлигата.

Продажбата на клубот траеше повеќе од 18 месеци и тоа поради тв-правата за емитување на Премиерлигата во Саудиска Арабија. Оваа држава го забрани емитувањето на телевизијата „БеИН Спортс“, која ги има правата за Премиерлигата во Азија, поради спорот со државата Катар, која е сопственик на телевизијата. Откако овие проблеми беа решени, принцот Мохамед бин Салман доби дозвола да го купи Њукасл.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Распродажба во Милан: Тео оди во Ал Хилал, Мењон во Челси

Дејан Дејан

Челси не го сака Санчо: Фудбалерот се враќа во Манчестер јунајтед

Дејан Дејан

Бруно Фернандеш одби да се пресели во Саудиска Арабија – останува во Манчестер јунајтед

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе