Спорт

Хасан, Ласитскиене и Влодарчик кандидати за најдобри во 2021

Познати се имињата на трите атлетичарки кои останаа во конкуренција за признанието што и се доделува на најдобрата за оваа година.

Меѓу трите финалистки се најде Холанѓанката, Сифан Хасан кој оваа сезона доминираше средните и долги патеки. Хасан на Олимписките игри во Токио се закити со златото на пет и десет илјади метри, а беше на чекор до импресивниот хет-три, но на 1500 метри стигна до третото место зад Фејт Кипјегон и Лора Мјуир. Холандската атлетичарка оваа сезона го собори светскиот рекорд на 10.000 метри, а во трката на една милја во Брисел го постави најдоброто постигнување на сите времиња.

Русинката, Марија Ласистскиене оваа година успеа да ги обедини титулите светски и европски првак во сала, а во Токио конечно се искачи на највисокото место на подиумот. Руската скокачка во височина во последниве години е постојано во европскиот врв и оваа година има шанса по втор пат во кариерата да биде избрана за најдобра на Стариот континент.

Последна финалистка е полската фрлачка на кладиво Анита Влодарчик. Таа во Токио успеа по трет пат во кариерата да се закити со олимпиското злато што и овозможи да се најде во самата завршница од изборот за најдобра атлетичарка во Европа за оваа година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе