Спорт Фудбал

Македонскиот бисер Дашмир Елези меѓу шеесетте најталентирани фудбалери на светот

Напаѓачот на Шкендија и член на младинските селекции на Македонија, Дашмир Елези се најде меѓу шеесетте најталентирани фудбалери во изборот што го направи британскиот дневен весник Гардијан.

Седумнаесет годишниот Елези се опишува како играч кој најдобро се снаоѓа на страничните позиции во нападот, игра добро со левата и десната нога, а во екипата може да се користи и како втор шпиц.

Според Гардијан, тој е брз, агилен, интелигентен фудбалер и е уживање да се следи неговата игра. Се потенцира дека во сениорскиот тим дебитира на 16 години и дека веднаш во првиот настап успеа да се запише во листата на стрелците..

Се истакнува дека до овој момент Елези одиграл 30 натпревари за Шкендија и постигнал седум погодоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Распродажба во Милан: Тео оди во Ал Хилал, Мењон во Челси

Дејан Дејан

Челси не го сака Санчо: Фудбалерот се враќа во Манчестер јунајтед

Дејан Дејан

Бруно Фернандеш одби да се пресели во Саудиска Арабија – останува во Манчестер јунајтед

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе