Пандемијата се шири меѓу учениците, и затоа ќе се прави скрининг во училиштата, најави министерот Венко Филипче. Со согласност од родителите, ќе бидат тестирани речиси девет илјади деца за ковид 19. Ќе бидат избрани од електронскиот дневник по случаен избор. Резултатите се очекуваат за две недели.
Со согласност од родителите, учениците во основните училишта од прво до петто одделение, како и од шесто до деветто одделение и учениците од средните школи ќе бидат тестирани за присуство на вирусот Ковид 19. Во методологијата се опфатени околу 8.200 деца, пропорционално дистрибуирани по општини според број на ученици. Планирано е скрининот да трае 5 дена и дневно да се тестираат по околу 800 деца, во самите училишта кадешто мобилни екипи ќе одат на терен и ќе го вршат тестирањето за време на часовите. Учениците ќе се бираат по случаен избор од регистарот на Е дневник, а родителите ќе треба да потпишат согласност за учество на тестирање на децата. Доколку некој од родителите одбие, ќе има заменски примерок од каде ќе се избира следното дете за тестирање, изјави Филипче.