Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова се победници на Скопскиот маратон. И двајцата низ целта минаа со времиња на нови македонски рекорди.
Ивановски трката ја заврши со време од 2 часа 21 минута и 27 секунди и славеше пред Младен Ставановиќ од Босна и Херцеговина додека трет е Германецот, Давид Перлич.
Кај дамите Поп Арсова патеката ја мина за 2 часа 20 минути и 36 секунди и за три минути беше побрза од Еквадорката, Силвија Јукаила, а третото место и припадна на Билјана Кираџиева.
Во машкиот полумаратон првата позиција ја освои Бугаринот, Митко Ценков додека во женска конкуренција најбрза беше Милјана Ристиќ.
На 17-тото издание на Скопскиот маратон учествуваа околу седум илјади натпреварувачи од кои за маратонската трка беа пријавени 150 атлетичари.