Македонија

На годишнината од смртта бистата на Анте Поповски фрлена во езеро, оштетен споменикот и на Славко Јаневски

Непознати сторители ноќеска ги вандализирале спомен бистите на македонските поети Анте Поповски и Славко Јаневски во Струга.

Бистата на Поповски била фрлена во водите на Охридското Езеро, додека, онаа на Јаневски е оштетена и свртена наопаку на постаментот.

Бројките од пописот и избирачкиот список речиси исти, експертите се сомневаат, премиерот ја обвинува дијаспората

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски посочувајќи дека полициски службеници извршиле увид и се работи на расчистување на случајот.

– Настанот е пријавен во ОВР Струга, полициски службеници веднаш излегоа на терен да извршат увид на лице место. Полицијата работи на расчистување на случајот и откривање на сторителите, изјави Димоски.

„Најостро го осудуваме вандалскиот чин на сквернавење на бистата на еден од најистакнатите македонски поети Анте Поповски, којашто беше откорната и фрлена во крајбрежјето.
Настанот е пријавен во полиција, извршен е увид и очекуваме сторителот да биде најден и против него да биде поднесена пријава. Апелираме за елементарна почит кон ликот и делата на македонските поети што се вградија во основањето на еден од најпознатите светски поетски фестивали. Не сакаме да претпоставиме дека аналфабетите вандали што го извршија овој чин воопшто имаат претстава дека денес 1 октомври се навршуваат 18 години од смртта на Анте Поповски. Бистата привремено ќе биде отстранета за да се извршат потребните технички зафати за нејзино поцврсто фиксирање на постаментот за да се оневозможат ваквите вандалски чинови!“, напиша на ФБ, директорот на „Струшки вечери на поезијата“, Тодорче Тасевски.
Синот на Анте Поповски, Жрж, споделувајќи ја песната со наслов „Зошто да страхувам“ напиша: „Мил мој татко-денес се навршуваат 18 години од твоето упокојување. Благодарен сум му на Бога што ми овозможи во една етапа од животот да делиме добро и зло како татко и син, но ја проколнувам судбината што прерано те одзеде, нанесувајќи ни ненадоместлива загуба. Многу е посиромашен мојот и животот на целото семјество без твоето физичко присуство. Но знај, Ти си и секогаш ќе бидеш со нас и меѓу нас, зашто саканите не умираат се додека се спомнувани. Ти едноставно постоиш и ќе живееш во секоја твоја буква, во секој твој испеан и напишан збор, зашто со јазикот на уметноста покажуваше и поттикнауваше огромна и искрена љубов кон својот народ и Татковина. Со своето благородно дело си обезбеди место во вечноста, поради што сме бескрајно горди што те имавме. Нека ти е вечен споменот!„
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сè уште е на интензивна нега, но состојбата ѝ се подобрува – ФЗО за една од критично повредените пациентки од пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Сомнежи за злоупотреба на боледувања – контролите двојно зголемени

Дејан Дејан

Се оценува обвинителниот акт за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе