Ковид19 Најважни Свет

СЗО: Делта сојот ги замени останатите три варијанти на Ковид-19

„Загрижувачката“ делта варијанта на коронавирусот, присутна во 185 земји низ светот, ги замени другите три загрижувачки варијанти – алфа, бета и гама, кои сега претставуваат помалку од еден процент од сите случаи на заразени, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО ).

Сите вируси, вклучувајќи го и САРС-КоВ-2, што го предизвикува Ковид-19, мутираат со текот на времето.

Појавата на варијантите кон крајот на 2020 година, што претставуваше зголемена закана за глобалното јавно здравје, ја натера СЗО да означи варијанти што треба да се „следат“ и други „загрижувачки“ варијанти, со цел да се даде приоритет на набљудувањето и истражувањето на глобално ниво.

„Делта варијантата сега преовладува. Всушност, помалку од еден процент од моментално достапните секвенци се загрижувачките варијанти – алфа, бета и гама“, одговори директорката на техничката екипа на СЗО за Ковид-19, Марија Ван Керкове, на социјалните медиуми.

Овој вирус стана посилен, полесно пренослив и ги замени другите вируси, додаде таа, прецизирајќи дека тој е присутен во 185 земји.

СЗО одлучи да ги именува варијантите што треба да се следат и се загрижувачки, според буквите од грчката азбука, со цел да се избегне каква било стигматизација на една земја и да и се овозможи на јавноста полесно да ги изговара.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Домашен притвор за возачот кој усмрти пешак и избега- 9 пешаци загинале во Македонија од почетокот на годината, од Нова Година ќе се „пали“ Сејф сити

Дејан Дејан

Се урна зграда во Карачи – 16 загинати, над 20 повредени

Дејан Дејан

24 загинати, десетици деца исчезнати по катастрофални поплави во Тексас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе