Свет

Можна средба на шефовите на дипломатиите на САД и Франција во Њујорк

Шефовите на дипломатиите на САД и Франција, Ентони Блинкен и Жан-Ив Ле Дриан, денеска во ОН можат „да разменат мислења“  на состаноците со претставници на други светски сили, но засега не е планирана средба „очи во очи“ за кризата меѓу двете сојузнички земји.

Двајцата министри ќе бидат заедно вечерва во Њујорк на традиционалната средба со колегите од другите земји постојани членки на Советот за безбедност и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави официјална претставничка на американскиот Стејт департмент.

Тие сигурно ќе бидат во иста просторија (салата на Советот за безбедност) и ќе разменуваат мислења за голем број прашања, изјави таа за новинарите во Њујорк.

Засега, не е најавена билатерална средба на маргините на сесијата на Генералното собрание на ОН, но американската дипломатка дефинитивно не ја отфрли.

Жан-Ив Ле Дриан во понеделникот само кажа дека сигурно ќе наиде на американскиот државен секретар „во коридорите“ на ОН.

Од друга страна, првично закажаниот состанокот за денеска меѓу Ентони Блинкен и Жан-Ив Ле Дријан и нивните британски и германски колеги Лиз Трас и Хајко Маас, е откажан.

Американската дипломатка изјави дека станувало збор за распоредот на министрите, но неколку дипломатски извори за фрабџуските медиуми потврдија дека состанокот  е откажан ан барање на Париз.

Франција е револтирана откако американскиот претседател Џо Бајден минатата недела го објави стратешкиот сојуз со Австралија и Велика Британија, што доведе до тоа Австралија да го раскине огромниот договор за набавка на подморници од Франција.

Пред неколку дена, американскиот претседател побара телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон, кој возврати дека наскоро ќе разговара со него, но без да го прецизира времето.

Наместо денешната откажана средба, Ентони Блинкен ќе има билатерална средба со шефот на европската дипломатија, Јозеп Борел. Во понеделникот, Борел ја изрази „солидарноста“ на земјите од ЕУ кон Париз по министерскиот состанок на 27 -те земји -членки на ЕУ, одржан на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна зграда во Карачи – 16 загинати, над 20 повредени

Дејан Дејан

24 загинати, десетици деца исчезнати по катастрофални поплави во Тексас

Дејан Дејан

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе