Најважни Свет

Земјотрес од 5,9 степени ја погоди Австралија

Силен земјотрес од 5,9 степени според Рихтер со епицентар во близина на Мелбурн ја погоди Австралија. Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека за сега нема податоци за посериозно повредени граѓани.

По првичниот потрес биле почуствувани уште два афтершокови од 4 и 3,1 степен според Рихтер.

Австралиските медиуми соопштуваат дека неколку објекти во Мелбурн биле оштетени, но нема информации за поголема причинета материјална штета.

Иако ова е еден од најсилните земјотреси кои ја погодиле Австралија изминативе неколку години, сепак не е причинета значителна материјална штета.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Домашен притвор за возачот кој усмрти пешак и избега- 9 пешаци загинале во Македонија од почетокот на годината, од Нова Година ќе се „пали“ Сејф сити

Дејан Дејан

Се урна зграда во Карачи – 16 загинати, над 20 повредени

Дејан Дејан

24 загинати, десетици деца исчезнати по катастрофални поплави во Тексас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе