Вести Најважни Свет

Вучиќ бара од ЕУ да одговори дали Бриселскиот договор се уште постои

Србија бара повлекување на трупите на косовската полиција од северот на Косово, ситуацијата да се врати на претходната состојба, па потоа да се оди во Брисел и да се разговара за се, и ако е можно да се договориме. Ова го соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ по три часовната седница на Советот за безбедност, свикана поради новите зголемини тензии на административните премини Брњак и Јариње. Вучиќ одбива Србија да ја поистоветуваат со Косово, а го одбива наводното компроисно решене кои му го понудиле западните дипломати.

Лично го презедов товарот и го одбив тоа решение, затоа што не е компромисно решение, тоа е решение кое би ја понижувало Србија. Ќе ви го преведам – тоа е решение со кое 70 % од она што имаа намера да го направат Албанците на административната линија, тие би го заборавиле. Но би вовеле 20-30 отсто мерки. И тоа би било некое компромисно решение каде ние повеќе би добиле. Но, го одбив тоа затоа што сит од политика на свршен чин и затоа што не можете така да разговарате со Србија.

Според Вучиќ единствено решение за оваа ситуација е да се повлечат косовските полициски сили од северот на Косово, но исто така Србија бара итен одговор од ЕУ.

Има уште еден услов кој го поставува Националниот Совет за безбедност, ние бараме итен одговор од ЕУ. Дали постои Бриселскиот договор во правниот промет или не. Кога ќе бидат формирани заедниците на српски општини и тој одговор ќе го бараме во наредните месец дена и ќе видиме конечно дали ќе го добиеме. И нивното молчење ќе биде јасен знак дека Бриселскиот договор веќе не постои.

Напнатоста на северот од Косово втор ден по ред е на високо ниво. Косовската полиција вчера нареди возилата со српски регистраски таблички кои минуваат низ северниот дел на Косово да ги извадат и заменат со тест – табличките на Косово кои се наплатуваат по пет евра и важат 60 дена. Србите кои живеат на оваа територија излегоа на мирен протест, но беа растерани со солзавец. Ноќта мина мирно, и засега нема најави дека ситуацијата ќе ескалира.

Српската полиција со години ги вади регистарските таблички од автомобилите со регистрација на Косово што влегуваат во Србија, а најновиот потег на косовските власти се чини дека е потег на реципроцитет. Двете страни во преговорите со посредство на Европската унија во 2016 година се согласија да се овозможи слободен сообраќај. Сепак, косовските официјални претставници рекоа дека договорот е истечен на 15-ти септември и дека само соодветните косовски симболи сега важат на нивна територија. Денеска обвинуваат дека Вучиќ нема интерес да се унапреди дијалогот, дека тој е во игра со други интереси и има за цел да го дестабилизира регионот.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Интервју со Гуалано де Годој: Македонија е првата земја во Западниот Балкан која ги разреши сите преостанати случаи на лица без државјанство

Дејан Дејан

Домашен притвор за возачот кој усмрти пешак и избега- 9 пешаци загинале во Македонија од почетокот на годината, од Нова Година ќе се „пали“ Сејф сити

Дејан Дејан

Ова не е „буцни прачка напиј се вино“ процес, Тошковски со народна поговорка за истрагите за чаирските дивоградби

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе