Најважни Свет

Протести и специјалци на косовско – српската граница

Тензии на косовско – српската граница, откако Косово распореди дополнителна полиција за да ја спроведе одлуката за отстранување на српските регистарски таблички од автомобилите што влегуваат на Косово. Косовската специјална полиција Рос со оклопни возила беше испратена на границата, додека стотици Срби од Косово, кои тргнале со своите автомобили и камиони кон границата, го блокираа патот што води до еден од премините, во знак на протест. Српските медиуми јавуваат дека Косовската полиција кај преминот Брњак употреби солзавец за да ги растера Србите кои протестираа против одлата на Приштина, но луѓето останаа на местото на протестот, а во моментов границата може да се помине само пеш.

Српската полиција со години ги вади регистарските таблички од автомобилите со регистрација на Косово што влегуваат во Србија, па најновиот потег на косовските власти се чини дека е потег на реципроцитет. Србија не ја призна поранешната покраина Косово како посебна држава и ја смета заедничката граница само како „административна“ и привремена граница.

Косовските власти донесоа одлука дека од денеска, регистарските таблички издадени во Србија ќе бидат заменети со привремени.

-Поминаа 10 години како нашите граѓани плаќаат за српски привремени таблички, ние не ги сакаме ниту едните ниту другите. Се додека нашите граѓани мора да платат за табличките кога ќе влезат во Србија, тие ќе се користат при влез во Косово така е добро- Албин Курти, премиер на Косово.

Српскиот претседател Вучиќ по состанокот со Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, и се обрати на јавноста. Од утре и ние ќе преземеме наши мерки, рече тој.

– Најважно е да се обидеме да го зачуваме мирот, но во истовреме ќе излеземе многу одлучно пред меѓународната заедница или ќе ја спроведувате Бриселската спогодба или немојте повеќе да не замајувате. И тогаш ние утре ќе разговараме и за наши мерки, рече српскиот претседател Вучиќ.

Додека сообраќајот е се уште во прекин на патиштата Рашка-Косовка Митровица и Рибариќ-Зубин поток од Брисел порака дека слободата на движење е еден од темелите на Европската унија, а тензиите меѓу Белград и Приштина треба веднаш да се смират.

Ги повикуваме двете страни да бидат воздржани, да се воздржат од еднострани акции и да ги намалат тензиите веднаш без никакво одлагање, рече Питер Стано, портпарол на Европската комисија.

Двете страни во преговорите со посредство на Европската унија во 2016 година се согласија да се овозможи слободен сообраќај. Сепак, косовските официјални претставници рекоа дека договорот е истечен и дека само соодветните косовски симболи сега важат на нивна територија.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Домашен притвор за возачот кој усмрти пешак и избега- 9 пешаци загинале во Македонија од почетокот на годината, од Нова Година ќе се „пали“ Сејф сити

Дејан Дејан

Се урна зграда во Карачи – 16 загинати, над 20 повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе