Најмалку 8 лица се убиени во рускиот град Перм откако напаѓач влегол во универзитетот во градот и започнал да пука кон студентите. Дел од студентите и професорите се забарикадирале во универзитетот, додека останатите спасот го пронашле скокајќи преку прозорците.
Според руските медиуми во нападот биле повредени најмалку уште 18 лица, од кои 14 биле хоспитализирани поради сериозноста на повредите.
Полицијата соопшти дека успеала да го совлада и уапси напаѓачот, кој бил студент на универзитетот, но мотивите зад овој чин се сѐ уште непознати.