Култура Топ вести

Делата на Петар Хаџи Бошков изложени во Стоби до 11. октомври

За прв пат во историјата на нашата ликовна сцена дела создадени за затворен се изложени на отворен простор. Станува збор за изложба на скулпторот Петар Хаџи Бошков на локалитетот Стоби, која не е негова постхумна ретроспектива, туку дијалог меѓу неговите дела и античкиот локалитет.

На археолошкиот локалитет Стоби на 24 локации четириесетина дела на истакнатиот скулптор Петар Хаџи Бошков ја разоткриваат врската меѓу античката и модерната уметностЗа прв пат на нашата ликовна сцена, дела наменети за галериски, се изложени на отворен простор со што се исполнува желбата на Петар Хаџи Бошков, кој се вбројува во најмаркантните фигури на модерната уметност во ликовната сфера во земјава,  неговите дела да бидат прикажани токму на отворен простор.  

Длабоко свесен за  за општествениот контекст, за времето во кое создава за разлика од некои други кои се затвораат во уметничкиот свет без да реферираат на она што е нивно време Петар Хаџи Бошков дава свое видување на начинот на кој дијалогизираат антиката и модерното, вели Јанечевски.

Токму локалитетот Стоби од една страна со својата богата историја и Петар Хаџи Бошков  со оние вредности кои ги има инкорпорирано во својата уметност на многу интересен начин зборуваат за тие длабоки врски помеѓу тие две епохи, иако можеби тоа некогаш не може да биде видливо преку формата, се работи за почитување на некакви принципи без разлика дали е тоа врзано со тлото, со крвта или со генот, туку тоа се вредности кои ги надминуваат тие бариери- Владимир Јанчевски, куратор на изложбата.

На изложбата во Стоби за прв пат беа изложени делови од Обелискот со кои Петар  Хаџи Бошков победил на меѓународен конкурс пред 30 години, но делото никогаш не било доработено и поставено на плоштадот во Скопје. На посебен настан во Стоби делото ќе биде подигнато, рекоа од семејството на скулпторот.  Скулптурите на Петар Хаџи Бошков на локалитетот Стоби ќе бидат изложени до 11 октомври, во случај на ветер или дожд, направен е план за нивна заштита.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии, Град Скопје бара реакција од Општина Кисела Вода и МЖСПП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе