Шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриен како сериозна криза го оцени раскинувањето на австралискиот договор за набавка на подморници од неговата земја, што, наводно, е дел од новото стратешко партнерство САД-Обединетото Кралство-Австралија. Вели „лага, лицемерие и презир“ покажаа сојузниците кон Франција. Велика Британија и Австралија се бранат дека делувале во одбрана на своите интереси. Но, според аналитичарите, најважна работа во односите со Кина е зајакнување на сојузите.
„Гест без преседан“, се работи за „сериозна криза“ и ја осудуваме „дволичноста“ на Канбера и Вашингтон, ги коментираше фрацускиот министер за надворешни работи Ле Дриан потезите на САД, Австралија и Велика Британија кои формираа големо партнерство во Азиско-пацифчкиот регион за да и се спротивстват на Кина, кое вклучува испорака на подморници на нуклеарен погон на Австралија.
Не може вака да си играте со сојузниците. Кога имате сојузници, не постапувате кон него на така бритален и непредвидлив начин, како Франција која е голем партнер. Значи постои сериозна криза- Ле Дриан, министер за надворешни работи на Франција.
Франција ги повлече своите амбадасори од Австралија и САД, меѓутоа, смета дека е непотребно отповикувањето на францускиот амбасадор од Лондон со ироничен коментар за „постојаниот опортунизам“ на Британија, која во ситуацијата е „третото тркало“ на велосипедот.
Британски „Телеграф“ го објави коментарот на новата британска министерка за надворешни работи, Лиз Трас, која тврди дека со договорот Велика Британија покажала „цвстина во одбрана на своите интереси“ и ангажираност во обезбедување на стабилноста во Азиско-пацифчкиот регион. Таа не ја спомна Франција, повикувајќи се на слоганот “Глобална Британија“, наместо пост-брегзитска Велика Британија во светот.
И австралискиот премиер Морисон вели дека ги штител државните интереси.
- Јас го разбирам нивното разочарување, но во исто време Австралија како и секоја суверена нација, секогаш мора да носи одлуки согласно нашиот суверенитет, националниниот одбрамбен интерес. И тоа го направивме во овие околности. Тоа јасно го ставивме на знење веќе некое време- Скот Морисон, премиер на Австралија.
САД нема само да седат и да и овозможат на Кина да се пробие на Пацификот, велат познавачите на состојбите. Најважна работа во односите со Кина е зајакнување на сојузите.
- Мислам дека претседателот Бајден јасно стави до знаење дека Соединетите држави сакаат да имаат светско лидерство и дека сакаат да работат со нашите сојузници во светот, е сега, дали направија грешка? Секако дека направија. Но, генерално мислам дека е сосема јасно дека овој претседател ја разбора важноста на соработката меѓу земјите со цел обезбедување на меѓусебната безбедност- Леон Панета, поранешен американски министер за одбрана.
Сепак, според фрацуските дипломати, ова не е начин на однесување меѓу сојузниците, само пред неколку недели се одржаа вежби меѓу индската, француската и австралиската морнарица и одеднаш договорот не важи.
- За жал не само што изгубивме еден договор, туку стратешкото партнерство е отфрлено преку ноќ. И постои уште едно партнерство кое е создадено, најавено и Франција е исклучено од него. Исто така, сметам дека Американците и Австралијанците направија дополнителна повреда бидејќи наеднаш откриваме дека со недели и месеци предходни ни се работело за грб- Жерард Арод, поранешен француски амбасадор во САД.
Со формирањето на трилатералната безбедносна алијанса АУКУС веќе не важи договорот, кој беше потпишан во 2016 година и вклучуваше купување на 12 подморници, а Франција изгуби зделка вредна 56 милијарди евра.
Билјана Ставрова