Свет Топ вести

Во екот на дипломатската криза со Австралија, Париз со одмазда кон Берн

Откако сојузниците од АУКУС за набавката на подморниците и свртеа грб на Франција, сега Париз отвори нов фронт со Берн, откако Швајцарија наместо француски, реши да купи американски авиони. Дали најавениот телефонски разговор Макрон – Бајден ќе биде доволно силен дипломатски потег за да се смират „фигурите на шаховската табла“ во Азиско-пацифчкиот регион.

Неколку дена по избивањето на тензиите меѓу Франција и САД, откако Австралија наеднаш се откажа од договорот тежок 66 милијарди долари за набавка на подморници на нуклеарен погон од Франција, пристигнаа најави од Елисејската палата дека се прават напори за надминување на дипломатскиот скандал. Францускиот претседател Макрон наредните денови ќе разговара со својот американски колега Бајден, првпат по избивањето на кризата, информираше портпаролот на француската влада. Бајден побара телефонски разговор, рече Атал.

Претседателот Бајден побара да разговара со нашиот претседател, во следните неколку дена ќе биде реализиран телефонскиот разговор меѓу претседателот Макрон и претседателот Бајден. Бидејќи мораме да напредуваме- Габриел Атал, портпарол на француската влада.

Минатата недела Бајден го откри новиот сојуз со Австралија и Велика Британија, по што Франција ги повлече своите дипломати од Канбера и Вашингтон. Но, смета дека е непотребно отповикувањето на амбасадорот од Лондон со ироничен тон кон „постојаниот опортунизам“ на Британија, која во ситуацијата е „третото тркало“ на велосипедот.

Во екот на дипломатската криза со Австралија, Франција ја откажа официјалната посета на претседателот на Швајцарската конфедерација, откако Швајцарија во јуни реши да купи американски авиони Ф-35 за да ја обнови својата воено воздухопловна флота, наместо францускиот „Рафал“. Швајцарските медиуми објавуваат дека Ги Пармелин, претседателот на Швајцарската конфедерација, нема да допатува во Париз во ноември на официјална посета на Елисејската палата. Тие сметаат дека тоа е одмаздата на Париз кон Берн.

Франција е веќе во длабока дипломатска криза. Австралискиот премиер Морисон вели дека го разбира нивното разочарување но, тој ги штител државните интереси.

Јас го разбирам нивното разочарување, но во исто време Австралија како и секоја суверена нација, секогаш мора да носи одлуки согласно нашиот суверенитет,  националниниот одбрамбен интерес. И тоа го направивме во овие околности. Тоа јасно го ставивме на знење веќе некое време- Скот Морисон, премиер на Австралија.

САД нема само да седат и да и овозможат на Кина да се пробие на Пацификот, велат познавачите на состојбите. Најважна работа во односите со Кина е зајакнување на сојузите.

Мислам дека претседателот Бајден јасно стави до знаење дека Соединетите држави сакаат да имаат светско лидерство и дека сакаат да работат со нашите сојузници во светот, е сега, дали направија грешка? Секако дека направија. Но, генерално мислам дека е сосема јасно дека овој претседател ја разбора важноста на соработката меѓу земјите со цел обезбедување на меѓусебната безбедност- Леон Панета, поранешен американски министер за одбрана .

Со формирањето на трилатералната безбедносна алијанса АУКУС веќе не важи договорот, кој беше потпишан во 2016 година, а  вклучуваше купување на 12 подморници, со што Франција изгуби зделка вредна 66 милијарди евра. Сега се надева дека ќе издејствува одредена надокнада на загубата, бидејќи во договорот постојат одреден број на клаузули, кои го одредуваат тоа.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе