Најважни Свет

Франција ги отповика амбасадорите од САД и од Австралија

Франција соопшти дека одлучила да ги повлече своите амбасадори во САД и Австралија на консултации, откако Австралија постигна договор со САД и Велика Британија и ја откажа нарачката на Франција за набавка на подморници. САД, Австралија и Велика Британија објавија дека ќе воспостават воено-безбедносно партнерство во Азиско-пацифчкиот регион и во таа смисла ќе и помогнат на Австралија да набави американски подморници со нуклеарен погон.

„На барање на претседателот на Републиката, без одлагање се повикуваат во Париз амбасадорите од САД и од Австралија на консултации“, ја објави шефот на француската дипломатија Жан-Ив ле Дриан ретката одлука на Макрон, кој поради сериозноста на состојбата реши да ги повлече своите амбасадори откако Австралија постигна договор со САД и со Велика Британија, со кој заврши спогодбата, потпишана 2016-та година, за набавка на подморници од Франција, вредна 40 милијарди долари.

Договорот е „неприфатливо однесување на сојузниците и парнерите чии последици директно влијаат на визијата на нашите сојузници, на нашите партнерства и значењето на Азиско-пацифчкиот регион во Европа“, рече ле Дриан.

САД, Австралија и Велика Британија објавија дека ќе воспостават воено-безбедносно партнерство во Азиско-пацифчкиот регион и во таа смисла ќе и помогнат на Австралија да набави американски подморници со нуклеарен погон, поради што Австралија ја откажа нарачката од Париз од 40 милијарди долари за набавка на француски подморници.

Франција остро реагираше, Ле Дриан, оцени дека со таа одлука Австралија „и забодела нож в грб на Франција“. Пред напуштање на канцелариите во Канбера и француски амбасадор Теболт рече дека е направена голема грешка.

-Мислам дека ова беше голема грешка. Многу, многу лошо раководење со партнерството, бидејќи тоа не беше Договор, тоа беше партнерство. Партнерството кои би требало да се заснова на доверба, меѓусебно разбирање и исто така партнерство засновано на искреност- Жан Пјер Теболт, отповикан француски амбасадор во Австралија.

Пред да се качи во својот автомобил, тој на новинарите им рече дека посакува временска машина за да го врати времето назад. Се надевам дека повторно ќе се видиме, рече Теболт.

-Би сакал да налетам на временска машина и, знаете, да го вратам времето и повторно да бидам во ситуација во која нема да завршиме во една невеверојатна, неспретна, неадекватна, не-австралиска ситуација- Жан Пјер Теболт, отповикан француски амбасадор во Австралија.

Сојузот, наречен „Аукус“, ќе овозможи Австралија да добие технолчогија за изградба на подморница на нуклеарен погон. Спогодбата се смета како обид за спротивставување на кинеското влијание во спорното Кинеско море, која во средата ја објави американскиот претседател Бајден заедно со премиерите на Британија и Австралија Џонсон и Морисон.

Франција беше известена за сојузот само неколку часа пред тој да биде објавен во јавност.

Претставник на Белата куќа рече дека администрацијата на Бајден жали поради овој потег и дека следните денови ангажирано ќе работи на решавање на разликите со Франција. Отповикувањето амбасадори е невообичаен чин меѓу сојузниците, па се верува дека Франција за шрвпат се одлучила на ваков чекор. Француските дипломати во Вашингтон веќе ги откажаа сите закажани свечености планирани меѓу САД и Франција.

Аналитичари оценуваат дека со овој пакт ќе предизвика преуредување на рамнотежата на моќта и влијанието во Азиско-пацифчкиот регион, бидејќи Кина изминативе години забрзано гради воена инфраструктура во Јужното кинеско море и Тајванскиот теснец.  Времето кога се склучува договорот, го оценуваат како многу значајно, бидејќи се случува на само еден месец по повлекувањето на САД од Авганистан. Британија е желна за влијание по излезот од ЕУ-сојузот, а Австралија е загрижена заради влијанието на Кина.

Билјана Ставрова

https://youtu.be/WsDA_L0BMP0

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Домашен притвор за возачот кој усмрти пешак и избега- 9 пешаци загинале во Македонија од почетокот на годината, од Нова Година ќе се „пали“ Сејф сити

Дејан Дејан

Се урна зграда во Карачи – 16 загинати, над 20 повредени

Дејан Дејан

24 загинати, десетици деца исчезнати по катастрофални поплави во Тексас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе