Култура Топ вести

(фото)Делата на истакнатиот скулптор Петар Хаџи Бошков изложени на археолошкиот локалитет Стоби

Изложбата на истакнатиот скулптор Петар Хаџи Бошков, вечерва беше отворена на археолошкиот локалитет Стоби. Преку поставката се преиспитува врската меѓу античката и модерната уметност. И се исполнува желбата на авторот неговите дела да бидат прикажани на отворен простор.

Изложбата е дел од програмата „ Стоби- жив град“. Таа не е постхумна ретроспектива на Хаџи Бошков, туку можност за разгледување на културното наследство на Стоби и увид во различни фази од творештвото на авторот, реализирани меѓу 1962 и 2004 година. Низ четириесетина негови скулптури се преиспитува врската меѓу антиката и модерното.

Изложбата ќе биде отворена до 11 Октомври, а во случај на ветер или дожд, направен е план за заштита на делата од тим конзерватори.

Фото: Агата А.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дефект во трафостаница доведе до краток прекин на струја во делови од Центар, вклучително и Клинички, проблемот надминат

Дејан Дејан

„Кој е следен?“ најавува герила-акција пред Обвинителството

Дејан Дејан

Рубио: Мирот во Украина зависи од директна средба меѓу Трамп и Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе