Три лица се повредени, но не се во животна опасност по пукањето коешто се случи денеска во трговски центар во Љубљана. Портпаролот на полицијата Александар Голец кажа дека била примена дојава за пукање и дека инцидентот се уште се истражува.
Местото на инцидентот е обиколено со полициски возила, како и четири возила на Брзата помош. Сведоците на инцидентот пред словенечките медиуми велат дека слушнале околу десетина истрели.
„Седев во барот и јадев и одеднаш слушнав тресок како петарди. По првиот удар, се изненадивме, а потоа следеше втор. Експлодираше шест или осум пати. Одеднаш се слушнаа врисоци и сите почнавме да бегаме “, опишува очевидец. „Имаше двајцата што лежеа на подот и многумина врескаа. Беше шокантно, како да бевме среде терористички напад“, ги опиша драматичните настани за „Словенске новица“ еден очевидец.
Според надлежните две лица биле повредени од огнено оружје, а едно лице од удар со предмет и тие се однесени во Универзитетската клиника во Љубљана,
Истрагата е во тек, осомничените не се иденфикувани, велат од полицијата.