Свет Топ вести

Оставка на шефицата на холандската дипломатија заради хаотичната евакуација од Авганистан

Холандската министерка за надворешни работи, Сигрид Кааг, вчера поднесе оставка по критиките од пратениците кои ја сметаат за одговорна за хаотичната евакуација од Авганистан.

Домот смета дека владата постапила неодговорно…. Единствено што можам да прифатам се последиците од таа проценка како министер кој ја носи крајната одговорност, рече таа во говорот во парламентот.

Пратениците го прифатија предлогот во кој се истакнуваат критики до владата за неуспехот во евакуацијата на дел од Авганистанци и дека однапред не увидела дека талибанците би можеле многу брзо да ја преземат власта.

Според моето разбирање на демократијата и нашата традиција на владеење, министерот мора да си замине доколку е осудена неговата политика. Затоа до Неговото Височество (кралот Вилем-Александар) ќе поднесам оставка од позицијата министер за надворешни работи, рече Кааг.

Таа од мај беше вршител на должноста министер за надворешни работи. По изборите во март, се уште не е формирана нова коалициска влада.

Се уште не е јасно, проценува ДПА, какви политички последици ќе има оваа оставка врз формирањето на владата.

И британскиот министер за надворешни работи, Доминик Рааб, ден претходно беше сменет од функцијата заради управувањето со авганистанската криза, додаваат француските медиуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе