Албанскиот парламент денеска ја изгласа новата влада во која за првпат ќе доминираат жени.
По парламентарната сесија која траеше повеќе од 20 часа беше потврден третиот премиерски мандат на Еди Рама, чија Социјалистичка партија однесе убедлива победа на изборите во април. Во 17-члениот кабинет ќе има дури 12 министерки.
Олта Џака ќе продолжи како министерка за надворешни работи, додека Делина Ибрахимај ќе го води министерството за економија и финансии.
Рама кажа дека борбата против криминалот и корупцијата ќе биде приоритет во неговиот трет мандат.