Свет Топ вести

Бајден предлага зголемуавње на даноците за компаниите и за богатите

Клучниот комитет на Претставничкиот дом на САД   ги усвои предлог -законите за зголемување на даноците за компаниите и богатите за да помогнат во финансирањето на буџетскиот план на претседателот Џо Бајден од 3.500 милијарди долари.

Комисијата за буџети на Претставничкиот дом, во која мнозинство имаат демократите, со мнозинство гласови ги одобри деловите од нацрт -буџетските закони поврзани со даноците. Ова вклучува зголемување на највисоката стапка на данок на доход од 37 на 39,6 проценти и највисока стапка на данок на добивка од 21 на 26,5 проценти.

Според планот, стапката на данок на капитална добивка ќе се зголеми од 20 на 25 проценти за Американците со оданочен приход над 400.000 американски долари и ќе се додаде дополнителен данок од 3 проценти на приход поголем од 5 милиони долари. Мислењето на комитетот е препорака до лидерите на Претставничкиот дом и Сенатот, додека во наредните недели тие ќе работат на конечните верзии на законот за даноци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе