Свет Топ вести

Солзавец и водени топови врз демонстрантите во Љубљана, Јанша во нова пресметка со новинарите

Словенечката полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера илјадниците луѓе кои протестираа во центарот на Љубљана со барање обврзувачките мерки за сузбивање на епидемијата да се изменат во препораки и словенечката влада да си поднесе оставка. Позвачите велат дека немирите ги предизвикале „уфрлени елементи“ и дека хаосот и одговара на владата на Јанша, која сака да го тргне вниманието на јавноста од актуелните афери.

14-дневната инциденца на 100.000 жители изнесува 533, што е една од највисоките стапки во Европа. Ковид пропусницата, односно потрвда за вакцинација или тест, е потребна за влез во сите продавници, па дури и на бензински пумпи, како и во здравствените установи, освен за итната помош.

-На собирот дојде до масовно нарушување на јавниот ред и мир, демонстрантите ја гаѓаа полицијата со бомби, гранитни коцки и пиротехника, затоа полицијата го растури собирот, напишаа Твитер од словенечка полиција.

Премиерот Јанша го повика обвинителството да преземе мерки против заканите и насилствата.

-Уличното насилство никогаш не донело ништо добро. Полицијата е должна да постапува согласно законот. Владата на Словенија нема да попушти под било каков притисок. Ќе инсистираме на мерки заради заштите на здравјето и животот на луѓето. Време е обвинителството да запре со толерирање на заканите и насилствата, објави Јанез Јанша, премиер на Словенија.

Во истовреме новинарката на РТВ Петра Безјак Цирман, на Твитер напиша дека Словенија е полициска држава и дека се применува полициска репресија. Премиерот Јанша, чија влада пред една година ги забрани јавните собирања, сега ја обвини РТВ Словенија дека го поддржува уличното насилство и повика на расправа во Народното собрание за нивната одговорност.

Честите пресметки на Јанша со новинарите беа тема и на денешната прес-конференција на потпретседателката на Европската Комисија, Вера Јурова, која рече дека е неприфатливо таргетирањето на новинари, а политичарите се тука да трпат критика и да одговорат со факти и бројки а не со омраза и насилство.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе