Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во својот годишен говор за Состојбата на Европската Унија, кој се одржува секој септември, најави дека пред крајот на овој месец ќе го посети Западен Балкан. Таа рече дека унијата ќе ги засили инвестициите во регионот, бидејќи тоа им го должи на младите луѓе кои веруваат во европската иднина.
Во говорот кој траеше точно еден час, одвреме на време поздравуван со аплаузи од европратениците, претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, покрај на англински се обрати на француски и на германски јазик, а говорот го заврши со зборовите „Viva la Europa“. Таа вети изградба на глобални партнерство со земјите од целиот свет, рече „ќе градиме врски, а не зависност“, истакна дека човековите права не за продажба и потенцираше дека ако мината година унијата беше фокусирани на заштита на европскиот еко систем, сега унијата мора да ја заштити унијата. Ги повика богатите држави да вложат напорипарите за климатската политика да бидат достапни и за сиромашните земји.
Врските со земјите од Западен Балкан ги спомна веднаш после односите со САД, за кои рече, дека ЕУ и САД секогаш ќе бидат посилни заедно, секако истото важи и за соседите од Западен Балкан. Без да ги спомне земјите поединечно Фон дер Лајен најави економска економска поддршка која изнесува околу 1/3 од БДП-то на регионот.
-Пред крајот на месецов јас ќе отпатувам во регионот за да испратам силен сигнал за нашата посветеност во преговорите за членство. Тоа им го должиме на сите млади луѓе кои веруваат во иднината на Европа. Затоа и ја засилуваме нашата поддршка преку новиот инвестициски и економски план со околу 1/3-тина од БДП-то на регионот. Затоа што, почитувани членови, инвестирањето во иднината на Западниот Балкан е инвестиција во индината на ЕУ- рече Урсула фон дер Лајен, претседателка на ЕК.
Времето на корона вирусот не е завршено, пандемијата е маратон, не спринт, рече претседателката на ЕК, времето ние никогаш не можеме да го вратиме назад. Следната година ќе биде уште еден тест.
- Повеќе од 70% од нашето возрасно население е целосно вакцинирано. Единствени поделивме половина од произведените вакцини со остатокот од светот. На европејците им испорачавме повеќе од 700 миолиони дози на вакцини. Им испорачавме, рече Урсула фон дер Лајен, претседателка на ЕК.
Во европарламентот во Сразбур беше присутна и Бебе Вио, која на свои 11 години откако заболела од менингитис била подвргната на тешка операција, а сега е шампион во мечување на параолимпијадата. Таа го доби најдолгиот аплазуз, а Фон Дел Лајен ја нарече лидер на новите генерации.
Билјана Ставрова