Ковид19 Свет Топ вести

Над 300.000 луѓе во Велика Британија ги прекршиле карантинските правила

Речиси една третина од луѓето кои пристигнале во Англија и Северна Ирска за време на ширење на делта сојот на коронавирусот, ги прекршиле карантинските правила, објави Би Би Си.

Според податоците со кои располага Би Би Си, над 300.000 случаи биле пријавени кај истражителите од март до мај оваа година. Британската Влада не знае колку од нив ги прекршиле правилата за карантин, без да можат да ги пронајдат.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека има за цел да изврши ревизија на сите патници за кои постои сомнеж дека не ги почитуваат правилата.

Меѓутоа, министерот за внатрешни работи во сенка, Ник Томас-Сајмондс, истакна дека бројките добиени од Би Би Си ги „потврдуваат нашите најлоши стравови“ во врска со „лабавата гранична политика“ на Владата.

Претходно оваа година, Владата во Лондон воведе нови правила за луѓето кои доаѓаат од странство во обид да го спречи ширењето на коронавирусот и новите мутации кои се појавуваат во земјата.

Луѓето кои пристигнуваат од земји со висок ризик, кои се наоѓаат на „црвената листа“, мора да бидат ставени во карантин. Оние кои доаѓаат од „жолтата листа“ – или области со среден ризик – мораа да се изолираат 10 дена и да обезбедат докази за негативни тестови на Ковид-19.

Од 17 март до 31 мај, повеќе од милион луѓе пристигнаа во Англија и Северна Ирска од земјите на „жолтата листа“.

Податоците за овој период, добиени според законите за слободен пристап до информации, покажуваат дека 301.076 случаи биле проследени до истражителите поради потврка дали се во самоизолација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе