Ковид19 Свет Топ вести

Лондон одби да купи вакцини од Валнева

Велика Вританија тврди дека „ француската компанија ги прекршила своите обврски според договорот за набавка на вакцини, но таа категорично ги отфрла таквите наводи“, се наведува во соопштението на компанијата Валнева.

За разлика од повеќето висококвалитетни вакцини против Ковид-19, кои користат различни методи за стимулирање на имунолошкиот систем за борба против коронавирусот, VLA2001 на Валнева се базира на „инактивирана“ верзија на самиот коронавирус.

Лабораторијата посочи кон крајот на август дека, врз основа на фазите 1 и 2 од испитувањата, се надева оти ќе развие вакцина која е повеќе од 80 проценти ефикасна. Велика Британија имала порачано 100 милиони дози од вакцината за 2021-2022 година.

Француската компанија денеска соопшти дека договорот и дава право на британската Влада да го откаже договорот, а Валнева добила „известување за прекин на зделката од страна на Обединетото кралство“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе